11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекордна загуба на „Кредит Агрикол“

Рекордна загуба на „Кредит Агрикол“

Credit-Agricole

Француската банкарска групација „Кредит Агрикол“ во 2012 година забележа рекордна загуба од 6,47 милијарди евра, поради големите трошоци во четвртиот квартал.

Банката само во четвртиот квартал забележала загуба од 3,98 милијарди евра, како последица на еднократните трошоци, пренесува Франс Прес.

Дел од оваа загуба е резултат од излегувањето на „Кредит Агрикол“ од грчката банка „Емпорики“.

Банката, исто така, забележа загуба од 2,67 милијарди евра поради отпис на вредности од активата, а загубата од 837 милиони евра поради повторна пресметка на вредноста на долгот.

Во соопштението на банката се наведува дека наскоро ќе го претстави три годишниот стратешки план со цел да заштеди 650 милиони евра.

„Минатата година беше година на трансформации. Сега вртиме страна и оваа година ќе развиеме нов среднорочен план“, изјави извршниот директор на банката Жан Пол Шифле.

Кога ќе се исклучат вонредните трошоци, заработката на оваа банка во текот на четвртиот квартал е зголемена за 10 проценти во однос на истиот период од минатата година, односно 548 милиони евра, додека нето профитот пред вонредните трошоци во цела 2012 година изнесувал три милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП