19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЈакнењето на индустријата ги подобри резултатите на GE

Јакнењето на индустријата ги подобри резултатите на GE

general elektricaks

Американскиот индустриски конгломерат „Џенерал Електрик“ (GE) во вториот квартал евидентираше раст на профитот, по обидите да ги намали трошоците.

Од „GE“ најавија кон крајот на јули и излегување на берзата на нивниот банкарски огранок „Синхрони капитал“.

„GE“ во три месеци, заклучно со јуни, заработи 3.5 милијарди долари, 13.2 отсто повеќе од истиот период од минатата година, со раст на профитот во шест од седум индустриски сегменти, вклучувајќи ги и најголемите области, струја и вода и авиација, пренесуваат агенциите.

Вкупните приходи, меѓутоа, се зголемени во три сегменти и со раст од 3.3 проценти или на 36.23 милијарди долари, но малку потфрлија во однос на 36.30 милијарди колку што очекуваа аналитичарите. Заработката по акција изнесува 39 центи, а таа е во склад со очекувањата.

Од компанијата истакнуваат дека благодарејќи на важните договори кои ги склучиле, тие се на добар пат да ја остварат целта до 2016-та да имаат до 75 проценти во индустрискиот сегмент, а 25 отсто во финансискиот.

„GE“ очекува дека аквизицијата за бизнис со струја и гас, француската „Алстом“, да биде комплетирана до 2015-та, по што францускиот индустриски гигант минатиот месец ја прифати понудата на американската компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП