26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШтрајк на вработените на аеродромот во Хамбург

Штрајк на вработените на аеродромот во Хамбург

hamburg-strike

Вработените на аеродромот во Хамбург, од ноќеска почнаа 24-часовен штрајк со барање за поголеми плати и подобри услови за работа, поради што до пладне се откажани околу 110 летови, јавија германските медиуми.

– Ситуацијата е потензична во споредба со минатата недела, изјави портпаролот на аеродромот во Хамбург, нагласувајќи дека во текот на денот ќе бидат откажани уште летови.

Според портпаролот, во најлош случај може да се создаде до четиричасовно чекање во редови.

– Создавањето на една ваква ситуација е неодговорно однесување на штрајкувачите, изјави портпаролот на аеродромот.

Околу 600 вработени во секторот за контрола на патниците, минатата недела два дена штрајкуваа, а во јануари еден ден, барајќи цената за еден час работа да се зголеми на 14,50 евра.

– Штрајкот за жал е неизбежен, изјави синдикатот Верди, кој е организатор на штрајкот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП