11 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрна Гора: Минималната потрошувачка кошница 797,20 евра

Црна Гора: Минималната потрошувачка кошница 797,20 евра

inflacijapotroshuvachkakorpa646476

Вкупната вредност на минималната потрошувачка кошница во Црна Гора во јуни оваа година изнесувала 797,20 евра.

Од тоа, на храна и безалкохолни пијалоци се однесувале 253 евра, на непрехрамбени производи и услуги 349,40 евра и на вредноста на импутираните изнајмувања 194,80 евра, соопшти црногорскиот завод за статистика, МОНСТАТ.

Во споредба со претходните месеци, вкупната вредност на минималната потрошувачка кошница во јуни забележала раст од 0,6 проценти, бидејќи во мај изнесувала 792,20 евра.

Храната и безалкохолните пијалоци во минималната потрошувачка кошница во јуни, во однос на мај, забележале раст од 1,2 проценти, наведуваат од МОНСТАТ.

Понатаму, тие истакнуваат дека вредноста на минималната потрошувачка кошница за непрехрамбени производи и услуги, во однос на мај, забележала раст од 0,2 проценти, додека пак, вредноста на импутираното изнајмување пораснала за 0,6 проценти.

Вкупната вредност на минималната потрошувачка кошница во јуни оваа година, во однос на јуни 2013 година, намалена е за 0,5 проценти, додека во однос на декември минатата година, намалена е за 0,1 процент, според податоците на заводот за статистика на Црна Гора.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП