ЕКОНОМИЈА

Италија кревка, намалена прогнозата за БДП

21-italy

Италијанската централна банка ја намали прогнозата на раст на Италија на само 0,2 проценти, поради, како што е соопштено, разочарувачките резултати во првата половина од годината.

Според соопштението на банката, шансите за опоравување се загрозени „поради значајните елементи на кревкост, како и од неизвесноста произлезена од актуелните геополитички тензии“, пренесува агенцијата Франс прес.

Со претходната прогноза, предвиден е раст од половина процентен поен за оваа година, а за наредната година централната банка ја зголеми прогнозата за 0,3 поени на раст од 1,3 проценти.

„Закрепнувањето на италијанската економија никако да проработи, и покрај постојаните знаци на се поголема доверба од страната на претпријатијата“, се наведува во извештајот на централната банка.

Економијата на Италија минатата година забележала негативен економски раст од 1,8 проценти.