28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на IBM зголемен за 28 проценти

Профитот на IBM зголемен за 28 проценти

ibm chipovi

Нето профитот на американската компанија „IBM“ во вториот квартал од 2014 година достигна 4,1 милијарди долари, што е меѓугодишен раст од 28 проценти.

Приходите во овој период се намалени за два проценти, на 24,4 милијарди долари, пренесува Итар тас.

Приходите од продажбата на софтвери од април до јуни се зголемени за еден процент во споредба со истиот период во 2013 година и изнесуваат 6,5 милијарди долари. Приходите од продажбата на технолошки услуги се намалени за еден процент, на 9,4 милијарди долари.

Истовремено, приходите од продажбата на бизнис услуги се намалени за два проценти, на 4,5 милијарди долари.

„IBM“ е најголемиот светски производител и снабдувaч на хардвери и софтвери, како и ИТ сервис и консалтинг услуги. 99,9 проценти од акциите на компанијата се наоѓаат во слободен промет и со нив се тргува на Њујоркшката берза. Капитализацијата на компанијата изнесува 194,48 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП