29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтаврески: Постигнавме историски најниска камата за еврообврзницата

Ставрески: Постигнавме историски најниска камата за еврообврзницата

Stavrevski_zoran

Со издавањето на последната трета евробврзница вредна 500 милиони евра Македонија постигна историски најниска каматна стапка од 3,97 проценти, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на денешната прес-конференција.

Тој информира дека ваквиот резултат е постигнат благодарение на исклучително добрата макроекономска состојба годинава во земјава, односно постигнатиот раст од 3,9 проценти, влезот на странски, но и домашни инвестиции, растот на извозот, намалувањето на невработеноста и ниското ниво на долг на државата.

„Еврообврзницата е издадена по исклучително поволни услови и историски најниска каматна стапка што Македонија ја добила при издавање на една еврообврзница. Тоа претставува силен израз на доверба на инвеститорите кон Република Македонија и кон нејзините економски политики, како и состојбите и перспективите на земјава воопшто“, оцени Ставрески.

Средствата ќе се користат за предфинансирање на буџетот за 2015 година, враќање на еврообврзницата издадена во 2005 година во износ од 150 милиони евра, отплата кон Меѓународниот монетарен фонд за кредитната линија во висина од 115 милиони евра земена пред три години, како и за финансирање на голем број капитални објекти идната година.

„Имаше голем интерес за издавањето на нашата еврообврзница. Вкупната побарувачка, наспроти нашата понуда од 500 милиони евра, изнесуваше една милијарда и 160 милиони евра. Понуда дадоа точно 100 инвеститори. Дел од нив се инвестициски банки, дел се инвестициски фондови, осигурителни друштва, приватни банки и слични финансиски инвестори. Тоа е добар знак бидејќи покажува оти спектарот на инвестотори е голем и во иднина добро ќе се тргува со македонската еврообврзница“, рече министерот за финансии.

Ставрески истакна дека изминатите четири дена заедно со гувернерот Димитар Богов и тим од Министерството за финансии ги посетиле најважните финансиски центри во Европа, односно Виена, Минхен, Франкфурт и Лондон, каде одржале над 35 состаноци со инвеститори од Америка, Европа и други земји.

Гувернерот Богов на состаноците информирал за банкарскиот сектор, монетарната политика на НБРМ и состојбите во платниот биланс. Според него, со еврообврзницата ќе се зајакнат девизните резерви и ќе се поттикнат банките да го финансират приватниот сектор.

Третата еврообрзница доспева за плаќање на 24 јули 2021 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП