2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсветлена крстосницата кај влезот на Вевчани

Осветлена крстосницата кај влезот на Вевчани

vevcani-porta-640x320

Крстосницата кај влезот на Вевчани од денеска е целосно осветлена. Инвестиција од 1,5 милиони денари е на Јавното претпријатие за државни патишта. Осветлувањето е во должина од околу 350 метри и вклучува девет канделабри со висина од по 10 метри.

„Јавното претпријатие за државни патишта спроведувајќи ги владините политики за зголемување на безбедноста во сообраќајот, со осветлување на клучки и влезови од населени места продолжува и оваа година. Од почетокот на годината осветлени се влезовите во Штип и Прилеп, сега сме во Вевчани, но со истото темпо продолжуваме со влезовите во Скопје, Куманово, Гостивар “ изјави директорот на ЈП за државни патишта Георгиевски, по пуштањето во употреба на осветлувањето.

Лани, како што информира, осветлени се над 20 километри поголеми клучки и влезови во градови, а од почетокот на оваа година осветлени се влезовите во Штип и Прилеп. Минатата година инвестиорани се над два милиони евра, а годинава околу 500.000 евра. Со истото темпо продолжуваме и во иднина, нагласи Георгиевски.

Осветлувањето на клучката, според градоначалникот на Вевчани Цветомир Угриноски, е многу важна не само за општина Вевчани, туку и за Дримколскиот крај, каде што живеат околу 25.000 жители.

„Се зголеми безбедноста и сигурноста на граѓаните, кои патуваат. Тука има две меѓуградски автобуски постројки на регионалниот пат Струга – Дебар и луѓето се преместуваат од едно превозно средство во друго, кога одат и се враќаат од работа“, изјави Угриноски.

За него е многу важно што во зимскиот период кога се стемнува во раните часови населението ќе има сигурност и безбедност.

„Со осветлувањето на клучката, изградбата на портата „Вевчани“ и со црквата, која е во градба, како и со изградбата на бензиската се отвораат можности за проширување на индустриската зона. Имаме земјиште за издавање и заинтересирани инвестироти. Се надевам дека ќе ги нема сообраќајните несреќи бидејќи ќе биде осветлено и побезбедно“, нагласи Угриноски.

Јавното претпријатие за државни патишта преку проектот за осветлување на влезови во поголемите градови и на клучките ќе постави 197 канделабри во вкупна должина од 8,6 километри, за што ќе бидат инвестирани 31 милион денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП