10 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВтора транша помош за Киев од 1,4 милијарди долари

Втора транша помош за Киев од 1,4 милијарди долари

High_noon_in_relations_between_IMF_and_Ukraine_has_matured__159588

Меѓународниот монетарен фонд ќе му ја додели на Киев втората транша помош од 1,4 милијарди долари, изјави денес шефот на мисијата на фондот во Украина, Никола Георгиев.

Тој, на заедничкиот состанок со директорот на Националната банка на Украина, Валериј Гонтарев, додаде дека овие средства во Украина ќе пристигнат најдоцна до месец септември.

„Тој процес мора да биде во согласност со процедурите и правилата. Верувам дека тоа ќе се случи многу порано од септември“, нагласи Георгиев, пренесува украинската агенција Униан.

Георгиев во оваа прилика изјави дека ММФ ја влоши прогнозата за пад на бруто домашниот производ (БДП) на Украина на 6,5 проценти, од претходно прогнозираните пет проценти.

Министерството за финансии на Украина вчера ја објави прогнозата за пад на БДП од шест до 6,5 проценти, со инфлација од 19 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП