28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНиз поголемите градови поставени кутии за „Фискална во рака - награда без...

Низ поголемите градови поставени кутии за „Фискална во рака – награда без мака“

fiskalna-nagradna-igra 999

Државна лотарија на Македонија од денеска ќе постави наменски кутии за осмото извлекување на наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ што ќе се одржи на 28-ми овој месец.

Кутиите ќе бидат поставени низ поголемите градови до 25 јули.

Осмото извлекување ќе биде емитувано на Македонската телевизија, а ќе бидат доделени автомобил „сеат ибица“ и 150 вредносни ваучери.

Граѓаните може да учествуваат во наградната игра со собрани дваесет фискални сметки со најран датум 15 ноември 2013 година. Ковертите може да се стават во наменските кутии или да се испратат преку пошта на адреса „Државна лотарија на Македонија, бул. Гоце Делчев, бр. 8, поштенски фах 363“ со назнака „За наградната игра Фискална во рака – награда без мака“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП