2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолку заработува еBay

Колку заработува еBay

ebay33

Нето профитот на корпорацијата „eBay“ во вториот квартал од 2014 година достигна 676 милиони долари, остварувајќи раст од шест проценти на годишно ниво.

Компанијата соопшти дека приходите во тој период изнесувале 4,3 милијарди долари, 13 проценти повисоки отколку од април до јуни 2013 година.

Аукциски сајтот „eBay“ остварил раст на приходите од 12 проценти и во вториот квартал заработил 2,2 милијарди долари.

Бројот на активни купувачи достигнал 149 милиони, што е за 14 проценти повеќе отколку една година претходно.

Приходите на платниот систем „PayPal“ кој му припаѓа на „eBay“, изнесувале 1,9 милијарди долари. Бројот на регистрирани активни налози во системот е зголемен за 15 проценти на 152 милиони корисници.

Компанијата „eBay“ е најголемата аукциска интернет платформа (упрaвува со веб сајтот eBay.com) за продажба на сите видови стока. Таа исто така управува и со платниот систем „Pay Pal“ и компанијата „eBay Enterprise“. Капитализацијата на компанијата изнесува 64,2 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП