2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Ниската инфлација го загрозува растот

ММФ: Ниската инфлација го загрозува растот

H

Директорката на ММФ, Кристин Лагард, предупреди дека ниската инфлација може да го загрози растот во Европа, поради што ја повика ЕЦБ да ја задржи флексибилната монетарна политика.

„Тврдоглаво ниската инфлација може сериозно да го загрози растот“, изјави Лагард, која неодамна изјави дека прогнозата за растот на глобалната економија од 3,6 проценти за оваа година би можела да биде намалена, пренесува агенцијата Франс прес.

Според неа, сепак постојат и некои добри вести, а тоа е дека „европските држави почнуваат да излегуваат од кризата“.

„Тоа го заклучивме врз основа на различни показатели, како што е многу позитивната пазарна ориентација, можеби дури и премногу позитивна“, заклучи Лагард.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП