6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈужна Кореја ќе произведува воени авиони-ловци

Јужна Кореја ќе произведува воени авиони-ловци

avion korea

Командата на здружените воени сили на Јужна Кореја денеска соопшти дека го поддржува планот за формирање на нова компанија за производство на модерни воени авиони-ловци.

Владата во Сеул веќе ја утврди финансиската конструкција, според која, новата јужнокерајанска фабрика за овој тип авиони ќе чини 10,2 милијарди долари.

Јужнокорејската воена авиоиндустрија веќе има искуство во производство на помали авиони- ловци, кои служат за обука. Новите авиони ќе бидат опремени со два млазни мотори, софистицирана опрема за летање и најмодерни воени средства за борба во воздух.

Јужна Кореја планира новиот капацитет да почне со производство по 2017 година. Не се соопштува колку авиони-ловци ќе се произведуваат, но во некои медиуми се појавија вести дека овие авиони биле интересни и за армиите на неколку држави од регионот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП