5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо првите шест месеци Винер со раст на профитот од 90 проценти

Во првите шест месеци Винер со раст на профитот од 90 проценти

vinertrt

Триесет милиони денари раст на премијата и 90 проценти поголем профит забележа во првите шест месеци од годината осигурителната компанија Винер – Виена Иншуренс Груп.

Од компанијата велат дека успеале да остварат одличен резултат и покрај големиот број штети исплатени во периодот на временски непогоди, како и штетни настани со предизвикана голема материјална штета. Сето ова, објаснуваат во Винер, се должи на супериорното реосигурување кое обезбедува сигурна иднина и кое е гаранција за сите клиенти на компанијата дека секогаш ќе бидат соодветно и експресно обесштетени, без оглед на обемот на штетата.

„Со динамичната обработка и исплата на штетите по природните непогоди од кои беа засегнати многу луѓе, нивните домови, автомобили, посеви, нивното здравје, покажавме дека ако секоја полиса е ветување, полисата во Винер Осигурување е остварено ветување. Супериорното осигурување оценето со рејтинг А+ е гаранција за сите наши клиенти дека ќе бидат обештетени без оглед на обемот на настанатите штети и во случај на најголеми непогоди“, изјави генералниот директор на Винер, Зоран Нарашанов.

Од Винер посочуваат дека продолжуваат со пакетите приспосоени на потребите и можностите на граѓаните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП