3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПомалку фалсификувани евра во првата половина од годината

Помалку фалсификувани евра во првата половина од годината

novacfalsifikat4684

Бројот на фалсификувани евро банкноти кои се повлечени од употреба е намален во првите шест месеци од оваа година, соопшти денес Европската централна банка (ЕЦБ), предупредувајќи сепак јавноста да обрне внимание на банкнотите кои ги користи.

Во шест месеци, заклучно со јуни, од употреба се исфрлени 331,000 лажни банкноти евра, што е за 6,2 проценти помалку во однос на претходните шест месеци, наведува ЕЦБ, пренесува агенцијата Франс прес.

„Бројот на фалсификувани евро банкноти сеуште е доста низок во однос на 16 милиони вистински банкноти кои во дадениот период биле во оптек“, наведува банката, предупредувајќи, сепак, граѓаните внимателно да ги проверуваат банкнотите кои ги примаат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП