16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOбвинение против FedEx поради незаконска достава на лекови

Oбвинение против FedEx поради незаконска достава на лекови

fedex lekovi

Против компанијата за брза достава на пратки – „FedEx“ е подигнато обвинение поради тоа што испорачувале пакети со лекови на илегални интернетски аптеки и покрај предупредувањата на американските власти за безбедност на лековите.

Обвинението содржи и обвинение за заговор поради дистрибуција на контролирани супстанци.

Во „FedEx“ неодамна само од тоа забележале приход од најмалку 820 милиони долари, а сега може компанијата да биде казнета со два пати поголем износ од тој.

Оваа комапнија во првиот квартал од оваа година остварила вкупен приход од 11.8 милијарди долари.

Во соопштението, потпретседателот на „FedEx“, Патрик Фицгералд ги отфрли обвиненијата.

„Американските обвинители бараат компанијата да ја превземе одговорноста за испораката на милиони пакети дневно. Ние сме компанија за достава на пакети. Не сме задолжени за спроведување на закони“, вели Фицгералд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП