5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција ќе ја намали каматната стапка

Турција ќе ја намали каматната стапка

turska

Централната банка на Турција најави дека ќе ја намали референтната каматна стапка од 8,75 проценти на 8,25 проценти.

Централната банка на Турција се одлучи за минимално намалување на каматата и покрај притисоците на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, тоа намалување да биде значително поголемo поради поттикнување на понатамошниот економски раст, пренесува агенцијата АПФ.

Во соопштението на Банката, објавено на сајтот на оваа финансиска институција, се наведува дека „монетарните мерки за штедење ќе бидат задржани, се додека не дојде до значително подобрување кое ќе се одрази на падот на инфлацијата“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП