22 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкопје ќе добие најсовремена резиденција за возрасни лица

Скопје ќе добие најсовремена резиденција за возрасни лица

Dabeski Profile picture222

На есен се очекува отворање на нова современа според сите ЕУ стандарди изградена резиденција за возрасни лица, која ќе го носи името Резиденција Дабески.
Скопје и Македонија по подолг временски период добиваат нов холистички центар чија основна дејност е вдомување на возрасни лица со целосна грижа за живот и делување.

„Основна цел на резиденција Дабески ќе биде грижа и разубавување на пензионерските денови на возрасните лица. Резиденцијата е замислено да работи на еден поинаков начин од останатите институции од ваков вид и затоа за нашите станари подготвуваме богата културно – социолошка програма. Центарот ќе биде целосно опремен според сите стандарди кои се потребни за удобен и здрав живот”, вели Даниела Дабеска, сопственик на резиденција Дабески.

Residence Dabeski (2)222

Станарите во оваа резиденција ќе уживаат во секојдневната богата програма за рекреација, а на располагање 24 часа ќе го имаат и стручниот и професионален тим на Дабески.

Резиденцијата Дабескикоја е во завршна фаза од својата изградба е лоцирана на 200 м од општинската зграда во општина Сопиште, a на само 8 км од Плоштад Македонија.

Целиот објект е опкружен со прекрасна природа која на жителите на Дабески дополнително ќе им ги разубави пензионерските денови.

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП