25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолкава е пензијата на Папата Бенедикт

Колкава е пензијата на Папата Бенедикт

papa

Каков вид на пензионерски пакет би му дале на некој кој потрошил повеќе од шеесет години на работата, вклучувајќи осум години како главен извршен директор? Ако сте вие Римокатоличката црква, а некој е папата Бенедикт Шеснаесетти, ќе треба да му дадете месечна пензија во вредност од 2.500 евра или околу 3340 долари. Италијанскиот весник Ла стампа објави дека 85-годишниот Бенедикт – е првиот папа во речиси 600 години кој се повлекува од функцијата – и ќе добие пензија каква што црквата обично нуди на пензионерите епископи.

papa1Случајно, пензијата на папата е речиси идентична со максималната пензија која може да ја заработи пензионер во САД, доколку се пензионира оваа година – а таа изнесува 3350 долари месечно, според калкулаторот на управата за социјално осигурување. За да добиете толкав чек, пензионерот ќе треба да се пензионира на возраст од 70 години или подоцна, откако ќе заработи оданочена максимална плата во текот на неговата кариера еднаква на 113.700 долари годишно. Се разбира, повеќето од личните трошоци на Бенедикт, од храна па се до градинарство, ќе бидат покриени од страна на Ватикан до крајот на неговиот живот, па неговата пензија ќе бидат пари за џепарлак.

Според Ла стампа, „тенџерето“ би можело да стане поблаго, доколку наследникот го награди Бенедикт со статус на почесен кардинал, а со тоа автоматски неговата пензија може да се дуплира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП