11 октомври, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft ќе затвори 18.000 работни места

Microsoft ќе затвори 18.000 работни места

mic place

Во писмото испратено утринава до вработените, извршниот директор на „Microsoft“ Сатја Недела објави дека компанијата ќе затвори 18.000 работни места во следната година.

„Пристапивме кон затворањето на првите 13.000 работни места, а повеќето вработени чии работни места ќе бидат затворени, ќе бидат известени во следните шест месеци. Важно е да се напомене дека затворањето на работните места е во некои области, но наоѓаме во други, кои се стратешки за компанијата“, пишува Недела.

„Microsoft“ имала 127.000 вработени на 5-ти јуни, што значи дека компанијата ќе ја намали работната сила со над 14%.

Вчера фински весник напиша дека „Microsoft“ планира да затвори 1.000 работни места во Финска во делот за мобилни телефони.

Според „Helsingin Sanomat“,„Microsoft“ планира да го затвори поранешниот центар за развој на „Nokia“ во Оулу, северна Финска.

Во пролетта околу 25.000 вработени на „Nokia“ се префрлијаво „Microsoft“ со стекнувањето на компанијата, а 4.700 од нив се во Финска. На глобално ниво бројот на вработените на „Microsoft“ значително го надминува оној на конкурентите „Apple“ и „Google“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП