3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБарбиките повеќе не се во мода

Барбиките повеќе не се во мода

83251460553c7d171a04c0422065203_640x427

Американскиот производител на играчки „Mattel“ забeлежа пад на нето профитот во вториот квартал од оваа година од 61 процент.

На деловните резултати на „Mattel“, пред се влијаела малата продажба на куклите „Barbie“ и играчките „Fisher-Price“.

Нето профитот на „Mattel“ во вториот квартал изнесувал 28,3 милиони долари, додека во истиот период минатата година тој изнесувал 73,2 милиони долари, пренесува агенцијата Франс прес.

Во соопштението на компанијата се наведува дека раст на продажбата се очекува во втората половина од оваа година, кога побарувачката на играчки е зголемена поради празниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП