ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија го зголеми производството на злато

Русија го зголеми производството на злато

zlato-fxlider

Русија од јануари до јуни оваа година го зголеми произвoдството на необработено злато во плочки за 28,7 проценти на годишно ниво.

Во јуни производството на злато е зголемено за 20,4 проценти во споредба со истиот месец минатата година, соопшти руската агенцијата за статистика Ростат.

Ископувањето на руда и производството на концентрати злато во првата половина од годината се зголемило за 15,6 проценти во однос на истиот период минатата година, додека во јуни растот изнесуваше 12,5 проценти.

Производството на платина и нејзините легури во јуни е намалено за 12,6 проценти на годишно ниво, а од почетокoт на годината е зголемено за 10,3 проценти во споредбa со првата половина од 2013 година.

Според податоците на Ростат, производството на паладиум и неговите легури минатиот месец е намалено за 19,1 проценти, а во првите шест месеци за 0,9 проценти.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП