20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Крива Паланка состанок за пристап на малите фирми до јавните набавки

Во Крива Паланка состанок за пристап на малите фирми до јавните набавки

delovensostanok1

Примената на препораките за олеснување на пристапот на малите и микропретпријатијата до јавните набавки, беа тема на денешниот состанок во Општина Крива Паланка.

Состанокот е дел од активностите предвидени со проектот „Пристап на микропретпријатијата до јавните набавки“, поддржан од Бирото за јавни набавки, што се спроведува во 36 општини во државата.

Со проектот се опфатени 300 мали и микропретпријатија на кои им обезбедуваме бесплатни обуки, секојдневна асистенција и стручни консултации при регистрирање на електронскиот систем за јавни набавки, помагаме при изработка на тендерски документациии и при пријавување на огласите за јавни набавки објавени од договорните страни од општините, информираше Герман Филков, раководител на проектот.

Целта на проектот е да го олесни пристапот на микропретпријатијата до пазарот за јавни набавки, придонесувајќи за нивен одржлив развој и подобро искористување на нивните потенцијали за создавање работни места, раст и иноваци.

Според Филков, од почетокот на проектот досега со помошта за претпријатијата е остварена целта за заживување на локалните економии, пред се во помалите општини. – Во изминатите две години во двата региони во кои работевме опфатени беа 287 фирми, кои само во изминатата година добија 203 тендери, во вредност од 1,7 илиони евра. За голем дел од нив тоа беа и први учества на јавни набавки, што значи добија и први тендери, додека неки од нив успеаја да добијат и над 10, рече Филков.

Проектот го спроведува „Центарот за граѓански комуникации“ од Скопје во партнерство со „ЕХО“ од Штип и фондацијата „Фокус“ од Велес, со поддршка на УСАИД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП