4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВујовиќ: Србија нема да банкротира, ако постигне договор со ММФ

Вујовиќ: Србија нема да банкротира, ако постигне договор со ММФ

zastava-srbije-serbian-flag-srpska-zastava

Српскиот министер за економија и вршител на должност министер за финансии Душан Вујовиќ изјави денеска дека Србија нема да банкротира, доколку ги спроведе објавените мерки и доколку во септември земјата склучи тригодишна спогодба со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

„Спогодбата со ММФ ќе ни помогне да го намалиме буџетскиот дефицит, да го одржиме државниот долг во нормални рамки и да се претвориме со атрактивна дестинација за странски инвестиции“, истакна Вујовиќ.

Тој изјави дека ревизијата на буџетот, која се очекува кон крајот на септември ќе ги покаже сите клучни елементи на економската програма, која ќе биде основа на преговорите со ММФ.

Вујовиќ истакна дека тежината на реформите не може да ја понесе само еден слој од општеството.

„Реформите се тешки, но долгорочно гледано ќе доведат до подобрување на економската состојба, отварање нови работни места и подобар живот за сите граѓани на Србија“, истакна тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП