27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлбанија обезбеди кредит од 100 милиони евра од ЕБОР

Албанија обезбеди кредит од 100 милиони евра од ЕБОР

Albania

Албанија обезбеди кредит во износ од 100 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), кој ќе и помогне за осигурување на банкарските депозити, кога тоа ќе биде потребно.

ЕБОР, која е создадена во 1991 година за да им помага на земјите од комунистичкиот блок во Источна Европа, денеска соопшти дека стендбај кредитната линија има за цел да го зголеми капацитетот на Албанската агенција за осигурување на депозитите, за да ги заштити депозитите на вкупна вредност од 6,98 милијарди евра. Банката, исто така, предложи неповратна помош од 300.000 евра за Агенцијата.

Оваа година Тирана доби кредит од 162 милиона евра од Светска банка и кредит од 331 милион евра од ММФ за да го поддржи својот финансиски сектор.

Државниот долг на Албанија во 2013 година се зголеми до 70,5 отсто од бруто домашниот производ, наспроти 60 проценти претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП