28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто е фатален ризик за Италија?

Што е фатален ризик за Италија?

tricoloreitalianflag

Стапката на инфлација во Италија е намалена во јуни на 0,3 од 0,5 проценти кои беа забележани во мај, и тоа е најниското ниво од октомври 2009 година.

Инфлацијата на месечно ниво во јуни забрза за 0,1 проценти, наведува Заводот за статистика во Рим.

На падот на цените во Италија влијаеше најдолгата рецесија, од која економијата сеуште се опоравува. Цените на храната минатиот месец се намалени за 0,6 проценти на годишно ниво и тоа е најголемиот пад од септември 1997 година.

Ниската инфлација претставува потенцијален фатален ризик за италијанската економија, заклучија од италијанската Асоцијација за мали и средни претпријатија, која додава дека домашната побарувачка сеуште е многу слаба поради тешкотиите со кои се соочуваат компаниите, како и поради високата невработеност.

„За да се спречи стагнацијата или дефлацијата, потребни се дополнителни стимулации, како на монетарен фронт, така и на фискален“, изјави економистот Серџо Де Нардис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП