Еден од најпопуларните комерцијални сервиси за складирање на податоци во облак, „Dropbox“, објави дека постигнале договор со „Deutsche Telekom“ кој се однесува за нивното работење во цела Европа. Според овој партнерски договор, сите нови мобилни телефони кои „DT“ ги пушта во продажба ќе имаат вградено „Dropbox“ апликација.
Овој договор се однесува како на „DT“, така и на сите нивни подружници и компании „ќерки“ ширум средна и источна Европа.
Од „Dropbox“ изјавија дека овој договор е само почеток за пошироката соработка со „Deutsche Telekom“ како еден од водечките светски оператори, т.е. во наредните неколку месеци се очекуваат уште новини на тоа поле.
„DT“ има свои компании, освен во Германија, уште и во Хрватска, Грција, Романија, Унгарија, Полска, Чешка, Холандија, Словачка, Австрија, Албанија, Македонија и Црна Гора.
Според последните информации, услугите на „Deutsche Telekom“ ги користат преку 142 милиони корисници на мобилни уреди.