ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на бројот на невработени лица во Хрватска

Пад на бројот на невработени лица во Хрватска

hrvatska2

Во првите шест месеци од оваа година од евиденцијата на хрватскиот Завод за вработување вкупно биле вработени 130.160 лица, а бројката на невработени е намалена под 300.000 за прв пат во последните две години.

Меѓутоа, според податоците на Заводот како и водечкиот интернет портал за вработување, тие позитивни трендови се случуваат благодарение на сезонското вработување во туризмот, угостителството и трговијата, пренесуваат хрватските медиуми.

Според денешната евиденцја на Заводот за вработување, бројот на невработени лица изнесува 299.751.

Дека невработеноста е намалена главно поради сезонските причини, и тоа поврзани со туристичката сезона, потврдуваат и податоците кои покажуваат дека во останатите сектори не е забележан раст на вработувањата.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП