27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа се обезбедува, ги полни складиштата

Европа се обезбедува, ги полни складиштата

skladishtagasfrhy56y6

Европските складишта за гас во две недели од јули се дополнети со 3,82 милијарди кубни метри гас, покажуваат податоците на Асоцијацијата на европски оператори на подземните складишта за гас.

Според податоците од 14 јули, залихите на гас во европските складишта достигнале 60 милијарди кубни метри, додека две недели претходно тие изнесуваа 56,26 милијарди, пренесува Итар тас.

Пополнетоста на складиштата изнесува 74,76 проценти, во однос на 70 проценти на почетокот на месецот.

Најголема количина на гас е складирана во складиштата на Франција (773 милиони кубни метри), Германија (757 милиони) и Италија (737 милиони кубни метри гас).

Газпром претходно објави дека има намера во европските складишта да дополни околу 2,4 милијарди кубни метри како дополнување на веќе постоечките залихи од 2,6 милијарди кубни метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП