29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЃорѓиев: Сите субјекти посветено и одговорно да се однесуваат во процесот со...

Ѓорѓиев: Сите субјекти посветено и одговорно да се однесуваат во процесот со еврообврзницата

aleksandar gjorgiev01

Во врска со процесот за еврообврзницата Владата посочува на вчерашната изјава на премиерот Никола Груевски и во моментот нема да соопштува детали поради природата на процесот, ценовната сензибилност и влијанието на целиот процес со истакнување определени информации кои, како што вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, можат да бидат инсајдерски.

Ѓорѓиев, запрашан во врска со еврообврзницата, денеска изјави дека се работи за процес во којшто во определен момент треба да се балансираат информациите коишто се соопштуваат.

„Апелирам и повикувам сите субјекти коишто имаат определена општествена одговорност посветено и одговорно да се однесуваат кон овој процес затоа што тоа би можело да има влијание на определени други аспекти во процесот. Интенција на Владата, институциите и на медиумите е да се обезбедат најдобри услови затоа што тоа ќе биде во корист на сите граѓани“, потенцира Ѓорѓиев, одговарајќи на новинарско прашање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП