28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчката Влада ја чека напорна работа пред следната инспекција од страна на...

Грчката Влада ја чека напорна работа пред следната инспекција од страна на „тројката“

greece-euro-crisisy547s

Претходно преземените обврски кои мора да се исполнат за да се исплати втората летна под-транша од финансиската помош и подготовките во пресрет на следната тешка инспекција од страна на доверителите на земјата, која започнува во средината на септември се двата главни приоритети на Министерството за финансии на Грција по завршувањето на неформалната мониторинг посета на инспекторите од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, министерот Гикас Хардувелис синоќа го одржа последниот состанок со претставниците на кредиторите на Грција, по кој висок функционер на Министерството за „Катимерини“ изјавил дека „постои список на прашања кои треба да се забрзаат“ и додал дека „август ќе биде месец на напорна работа“.

Атина се обврза дека во август ќе ја спроведе втората серија од претходно преземените обврски за да ја добие под-траншата од една милијарда евра, но и за да избегне дополнителен притисок за време на инспекцијата во септември.

Од шесте обврски од втората серија, досега е усвоен само законот за делумна приватизација на Јавната електродистрибуција (ДЕИ).

Европската комисија, Европската централна банка и ММФ вчера објавија заедничката изјава во која се вели дека тројката претставници „ја завршија својата посета на Атина за да ги испитаат последните случувања и да разговараат со властите за распоредот за работа во пресрет на следната ревизија на програмата“.

За време на состаноците во Атина претставниците на „тројката“ ги охрабрувале министрите да продолжат со спроведувањето не само на претходно преземените обврски за ова лето, туку и на мерките за септември, кои ја надминуваат бројката од 600 чекори кои треба да се преземат.

Сите клучни точки ќе бидат следени од септември натаму. Тогаш Владата ќе треба да ги подготви своите предлози за новиот закон за социјална сигурност, промените на пазарот на труд, како да се покрие фискалниот јаз за 2015, и, генерално, да се направи голем напредок во реформите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП