26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Германија ја предводи ранглистата на ФИФА за прв пат по...

СП 2014: Германија ја предводи ранглистата на ФИФА за прв пат по 20 години

germanija sampioni

Светскиот шампион Германија очекувано ја предводи месечната рејтинг на ФИФА за национални тимови.

Бундестимот е на прво место за прв пат од пред околу 20 години. Зад нив се најдоа освојувачите на второто и третото место на Мундијалот во Бразил – Аргентина и Холандија. „Лалињата“ напредуваа за цели 12 места на ранг-листата, Колумбија се искачи на четвртото место, а петорката се пополнува со Белгија. Пријатното изненадување на светското првенство – Коста Рика, веќе е на 16-та позиција, што е највисок пласман воопшто за тимот од Централна Америка.

Голем колапс пак запишуваат разочарувањата на Мундијалот – Португалија (11-то место), Италија (14-то) и Англија (20-то). „Трите лава“ паднаа за цели 10 позиции.

Сега веќе поранешниот шампион Шпанија паѓа за седум позиции до 8-то место, а Бразил е едно скалило повисоко.

Рангирањето на ФИФА за месец јули:

1. Германија – 1724 поени

2. Аргентина – 1606

3. Холандија – 1496

4. Колумбија – 1492

5. Белгија – 1401

6. Уругвај – 1330

7. Бразил – 1241

8. Шпанија – 1229

9. Швајцарија – 1216

10. Франција – 1202

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП