27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Кралевите“ остануваат најскап клуб во светот

„Кралевите“ остануваат најскап клуб во светот

FBL-EUR-C1-REALMADRID-ATLETICO

Реал Мадрид е најскап клуб во светот на спортот и оваа година, покажува традиционалниот рејтинг на „Форбс“. Мадриѓаните се на врвот, затоа што вредноста на клубот се пресметува на 3.44 милијарди долари.

Во тројката повторно спаѓаат три фудбалски клуба од Европа. Манчестер Јунајтед отстапи уште една позиција и сега е на третото место.

Сега на втората позиција е Барселона со 3,2 милијарди долари. Цената на Манчестер Јунајтед продолжува да паѓа и веќе е 2.81 милијарди наспроти 3.17 пред една година.

Клубот од Олд Трафорд беше непроменлива лидер во рангирањето од 2004-та до 2013-та година Минатата година на чело излезе Реал, а англичаните беа втори.

Безбол тимотЊујорк Јенкис го задржува четвртото место со 2,5 милијарди долари. Петти е клубот од НФЛ Далас Каубојс (2,3 милијарди).

Клубовите во американски фудбал заземаат 30 од 50-те места во рангирањето. Останатите 20 се состојат од шест безбол клубови, осум фудбалски, четири од НБА, еден од НХЛ и еден од Формула 1.

Просекот на 50-те најскапи спортски клубови во светот е 1,34 милијарди долари, што покажува раст од 8% во однос на минатата година. „Форбс“ ја проценува цената на клубовите така што го зема во предвид капиталот и обврските, како и спонзорските договори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП