27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален суфицитот во трговскиот биланс на ЕУ

Намален суфицитот во трговскиот биланс на ЕУ

i

Во трговската размена на 28 земји членки на Европската унија (ЕУ) со остатокот од светот во мај 2014 година е забележан суфицит од 600 милиони евра, покажува првата проценка на Еуростат, што укажува на негово намалување на месечно и годишно ниво.

За споредба, во април во трговскиот биланс на ЕУ е забележан суфицит од 1,0 милијарди евра, се наведува во соопштението на статистичката канцеларија на Европската унија.

Во соопштението се напоменува дека веќе ги ревидирале податоците за тој месец, кои покажувале суфицит од 1,3 милијарди евра.

Суфицитот во трговскиот биланс на ЕУ, значително е намален во однос на минатогодишниот мај, кога трговскиот биланс на ЕУ беше во плус 15 милијарди евра.

Според првите проценки, сезонски прилагодениот извоз на 28-члената ЕУ во мај е зголемен за 0,5 проценти во споредба со претходниот месец, додека увозот е зголемен за 1,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП