29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСрбин направил супер-автомобил и го продал за 230.000 евра

Србин направил супер-автомобил и го продал за 230.000 евра

dragan1

Драган Павловиќ од Гружа, рачно изработил автомобил, и го продал во Монте Карло по цена од неверојатни 230.000 евра.

Тој веднаш добил понуда за да изработи уште два автомобили, пишува Танјуг.

Павловиќ на автомобилот работел осум години, резлизирајќи ја идејата на неговиот дедо Душан.

Автомобилот го носи името „Фабер“ (ковач), а Драган Павловиќ кој во работилницата во моментот создава уште два автомобила, не сака да се појави на телевизија, и затоа во негово име интервју дала неговата ќерка, која истакнала дека автомобилот може да развие максимална брзина од 230 километри на час, а дека од 0 до 100 развива за само осум секунди.

„Се е направено во Гружа“, единствено моторот е на „Мерцедес“ и тоа Ц-класа, изјави ќерката на Драган.

Како што се наведува, автомобилот е направен од полиестер и нерѓосувачки челик, неговите гуми се Мишелин, инструмент-таблата е дрвена, кровот се отвара по желба а седиштата се тапацирани со кожа.

dragan2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП