26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛитванија ќе и се приклучи на eврозоната на 1 јануари 2015

Литванија ќе и се приклучи на eврозоната на 1 јануари 2015

litvanijalitlit1

Литванија треба да и се приклучи на еврозоната на 1 јануари 2015, потврди Европскиот парламент во Стразбур во денеска усвоената резолуција, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Резолуцијата само ја потврди препораката на Комисијата, како и политичката поддршка дадена од шефовите на државите и владите за време на јунскиот самит.

Препораката беше усвоена со 545 гласови за, 116 против и 34 воздржани.

„Се разботи за добра вест за Литванија, за балтичките земји и за стабилноста на Европа. Од 2006 година, спроведени се значајни реформи кои дозволија да се намали инфлацијата, да се стабилизира стапката на невработеноста и да се намали буџесткиот дефицит и да се достигне прифатлива стапка на јавниот долг во однос во БДП“ – изјави известувачот Вернер Ланген, кој притоа и посака добредојде на Литванија во еврозоната. Литванија со ова ќе стане 19-та земја членка на евро зоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП