20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски: Извонреден период за еврообврзница

Груевски: Извонреден период за еврообврзница

gruevski

Премиерот Никола Груевски смета дека според условите на финансискиот пазар ова е извонреден период за повлекување еврообврзница и оти ќе се постигне историски најниска камата.

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески и гувернерот на НБРМ, Димитар Богов се во Лондон каде во банките анализираат какви услови се нудат за издавање еврообврзница.

„Проценка е дека ова е извонреден период според условите на финансискиот пазар за повлекување еврообврзница којашто во најголем дел ќе се искористи за рефинансирање, односно за враќање на поранешен долг. Се надевам дека Ставрески и Богов ќе имаат успех во изнаоѓање услови со коишто ќе се постигне најниска камата на евро обврзница“, изјави Груевски, по пуштањето во употреба на новата автономна трансформаторска станица и реновираниот далековод Скопје-Куманово во трафостаницата Скопје 5 на АД МЕПСО.

Груевски смета дека ќе се постигне историски најниската камата за евро обврзницата на пазарот, поради што се одлучиле токму сега за нејзино издавање.

„Во овој момент не ни е нужно да издадеме еврообврзница зaшто рефинансирањето треба да го направиме на почетокот на следната година, но ценејќи дека условите на пазарот сега споредено со минатите години се идеални, а не можеме да бидеме сигурни дека во иднина ќе бидат подобри, проценивме дека сега е вистинскиот момент да се повлече овој чекор и да се добие финансирање под најдобри можни услови односно главно рефинансирање на претходен долг“, изјави Груевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП