29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото ја губи својата моќ

Еврото ја губи својата моќ

evrozona1

Еврозоната привлече повеќе инвестиции во 2013 година отколку во 2012 година, но уделот на еврото во девизните резерви и неговата улога во меѓународното финансирање е благо намалена.

Според годишниот извештај на ЕЦБ за меѓународната улога на еврото, пазарната доверба во еврозоната расте бидејќи последиците од долгорочната криза бледеат, пренесува Франс прес.

„Различните резултати кои се користат за проценка на меѓународната застапеност на еврото останаа во 2013 година во позитивна зона“, се наведува во извештајот во кој е додава дека интересот на меѓународните инвеститори за обврзниците на еврозоната, кои главно се деноминирани во евра, значително е зголемен во текот на минатата година.

Странската побарувачка за европската валута во 2013 година се зголемила трета година по ред, а должничката криза немала влијание на користењето на еврото како паралелна валута во земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа.

Во исто време, уделот на еврото во светските девизни резерви е намален за 0,9 процентни поени на 24,4 проценти во 2013 година, додека на меѓународните пазари за обврзници, уделот на еврото како валута со чија помош се обавува меѓународното финансирање е намален за 1,4 процентни поени на 25,3 проценти, се наведува во извештајот на ЕЦБ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП