ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин предложи основање на енергетска заедница

Путин предложи основање на енергетска заедница

432453_putin1_f

Русија предлага членките на БРИКС да основаат енергетска заедница, изјави рускиот претседател Владимир Путин на пленарната седница на Самитот на лидерите на Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република.

Путин изјавил дека оваа заедница ќе допринесе за зајакнување на енергетската безбедност на членките на организацијата.

Рускиот претседател ги повика земјите членки на БРИКС да ја унапредат економската соработка и да ја олеснат примената на заедничките програми за одржлив развој на овие земји, пренесува Итар тас.

Тој предложил и основање на берзанска унија со цел размена на податоци за акциите на повеќе од 7.000 компании од земјите на БРИКС.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП