4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХоландски компании заинтересирани за инвестиции во македонскиот земјоделски сектор

Холандски компании заинтересирани за инвестиции во македонскиот земјоделски сектор

zemjodelstvo_1hr4y74ry4h43

Холандски компаниии се заинтересирани за инвестирање во македонскиот земјоделски сектор, истакнал вршителот на должноста амбасадор на Холандија во Македонија Питер Верхеен на денешната средба со македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

„Со оглед дека Кралството Холандија претставува втор најголем извозник на земјоделски производи во светот и тоа што во македонското земјоделство гледаат големи можности за инвестирање, Верхеен побара од министерот Цветков поблиску да се запознае со состојбите во македонското земјоделство и можностите за инвестирање“, соопшти по средбата Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Вршителот на должноста амбасадорот Верхеен изразил уверување дека во иднина  Кралството Холандија со експертски тимови ќе му помага на македонското земјоделство, со цел полесно и побрзо прилагодување кон новите современи текови во производството на храна.

На средбата е констатирано дека соработката на Република Македонија и на Кралството Холандија е на високо ниво, но на полето на земјоделското производство може да се продлабочува и интензивира.

„Во изминативе неколку години, земјоделството во Република Македонија доживува  вистинска експанзија. Евидентираме зголемување на квантитетот и квалитетот на целокупното земјоделско производство. Позитивни се резултатите во лозаро-винарскиот сектор, во производството на овошје и зеленчук, како и во областа на тутунопроиозводството и другите индустриски култури. Поаѓајќи од ставот дека само добро организирани земјоделци се продуктивни земјоделци, сега нашите напори преку програмите за поддршка се насочени кон организирање на производителите“, нагласил на средбата министерот Цветков. Особена грижа, како што навел, има за преработувачкиот сектор и затоа на заинтересираните  домашни и странски инвеститори им се нудат големи поволности за инвестирање во  земјоделско-прехранбената индустрија преку давање под закуп државно земјоделско земјиште и можност за инвестирање во слободните економски зони.

Министерот Цветков го информирал амбасадорот дека заинтересираните фирми за вложување во откупно дистрибутивни центри имаат можност да добијат и државно земјоделско земјиште, а со цел обезбедување поволни услови за стопансисување, подготвени се и голем број даночни олеснувања, како и можност за брзо регистрирање компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП