19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОсвежете го вашето CV

Освежете го вашето CV

cv2

Во подготовката при барањето на работа важно е да ја „исчистете“ старата и нефункционална биографија. Без бришење на старите податоци вашето CV станува конфузно и полно со стари достигнувања, награди и вештини. Време е за ново CV, направете ги следните 5 чекори:

1.Насочете со кон целта која сакате да ја постигнете

Експертите сметаат дека најголемиот проблем на луѓето кои бараат работа е несигурноста околу изборот на работа. Во тој случај, биографиите го губат својот фокус. Во нив се напишани сите искуства, а многу често застапени се и повеќе индустрии. Затоа, ограничете го фокусот на биографијата или пак направете повеќе верзии, доколку сакате да конкурирате на различни видови работни места.

2. Внесете резиме

Ескпертите препорачуваат во биографијата да внесете и резиме, во кое на кратко ќе биде опишано последното работно место. Избегнувајте ги вообичаените фрази и обидете се да го задржите вниманието на работодавецот.

3. Уредете го работното искуство

Делот во биографијата со работно искуство, би требало да биде исполнет со хронолошки преглед на вашата кариера. Професионалците со долга кариера, најдобро е да го напишат искуството кое е во период од 10 до 15 години, а не да ги наведуваат сите  можни работни места.

4. Уредете ја едукацијата

Исто така,  делот во биографијата за образование може да се „освежи“. Детални информации за пракса, академски награди, курсеви  и сл., се важни за оние кои се скоро дипломирани. Професионалците со четири или повеќе години работно искуство може да ги избегнат овие информации.

5. Уредете ги вештините

Ако имате голема листа на поими кои претставуваат ваши вештини, време е тоа да го промените. Најдобрите биографии се направени за конкретна прилика. Ако биографијата ја подготвувате целно, тогаш нема потреба да ги наведувате сите можни информации. Избришете ги информациите со застарени вештини, како на пример, застарени програмски јазици.

6.Размислувајте како работодавец

Во секој чекор при „чистењето“ на CV-то, експертите советуваат да дадете одговор на следниве три прашања:

Што може да направите за мене?

Што сте работеле претходно?

Може ли да го направите тоа за мене?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП