29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрвиот човек на Ford премина во Google

Првиот човек на Ford премина во Google

Alan-Mulally

Поранешниот претседател и извршен директор на „Ford“, Ален Малали, за кого медиумите тврдеа дека ќе го наследи Стив Балмер во „Microsoft“, стана член на управниот одбор на компанијата „Google“.

Од „Google“ соопштија дека Ален Малали официјално ќе ја превземе должноста на 9-ти јули. Тој пред тоа помина осум години на чело на „Ford“, а од оваа функција се повлече на 1-ви јули.

Медиумите кон крајот на 2013-та шпекулираа дека Малали ќе биде поставен за извршен директор на компанијата „Microsoft“, но тој тие гласини ги демантираше со тврдење дека неговите бизнис планови се насочени кон „Ford“.

Сепак, по пола година Малали ја напушти матичната компанија за да премине во „Google“.

Ален Малали, кој по занимање е инженер, роден е 1945-та година, а пред ангажирањето во „Ford“ беше на високи функции во „Boеing“ каде и ја започна кариерата во 1969-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП