20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на невработеност во Турција изнесува 9 проценти

Стапката на невработеност во Турција изнесува 9 проценти

turcija2

Бројот на невработени во Турција во април се намали за 168.000 и моментално изнесува 2,57 милиони лица, што е приближно на истото ниво како и на крајот на минатата година, покажуваат официјалните податоци.

Моменталната стапка на невработеност во Турција е девет проценти, соопшти државната агенција за статистика Туркстат.

Од вкупниот број на вработени, според податоците од април, 21,3 проценти работат во земјоделскиот сектор, 20,5 проценти во индустријата, 7,3 проценти во градежниот сектор, а 50,9 проценти во услужните дејности.

Бројот на невработени на возраст меѓу 16 и 24 години е намален за 36.000 на 724.000, што е најниската невработеност на оваа старосна група во последните две години.

Според среднорочните планови, владата во Анкара предвидува дека стапката на невработеност во оваа година ќе се одржи на нивото од 9,4 проценти.

На невработеноста во Турција влијае и присуството на се поголемиот број на бегалци од Сирија.

Според податоците на турските власти, во Турција во моментов се сместени повеќе од милион бегалци. Нивниот број е особено голем во јужниот дел од земјата, на границата со Сирија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП