20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо мај зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи

Во мај зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи

industriski proizvodi22

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во мај годинава, се повисоки за 0,6 проценти на месечно ниво, а се пониски за 0,3 проценти на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во мај во споредба со април годината продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење камен“ за 2,4 проценти, во „преработувачка индустрија“ за 0,2 проценти, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 3,4 проценти.

Во мај оваа година во споредба со истиот месец лани продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење камен“ за 3,5 проценти, а во секторите „преработувачка индустрија“ и „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ се пониски за 0,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП