4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Тројката“ повторно во Кипар

„Тројката“ повторно во Кипар

kipar1

Делегација на меѓународните кредитори денес започна со петтиот процес на проценка на состојбата на кипарската економија и нејзиниот проблематичен банкарски сектор.

Посебно внимание им е посветено на опасностите од ризичните кредити. Околу 45 проценти од сите кредити во кипарските банки се квалифицирани како ненаплатливи, а нивната вкупна вредност е 27,1 милијарди евра од целокупното кредитно портфолио во висина од 60 милијарди евра.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) претходно соопшти дека нивото на ненаплатливи кредити во Кипар е на највисоко ниво во светот, односно речиси 140 проценти од БДП, со што е загрозено кредитирањето на економијата но и економскиот раст.

Кипар, сепак успешно помина на претходната инспекција од „тројката“ – Евопската комисија, Европската централна банка и ММФ, додека најновата контрола на состојбата на кипарската економија, ќе се фокусира на банкарските реформи и начинот за решавање на проблемот со ненаплатливите кредити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП