20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOpel гради центар за мотори на иднината

Opel гради центар за мотори на иднината

opel centar0039

„Opel“ ќе стартува нов градежен проект во своето седиште во Ризелхајм. Компанијата има намера во тој град да вложи 210 милиони евра во изградба на нов центар за развој и тестирање на „почисти“ мотори.

Комплексот на згради, од кои највисоката ќе има седум спратови, ќе биде изграден во југозападниот сектор на меѓународниот техничко-развоен центар на „Opel“ (ITDC), a oд 2017-та година инженери и техничари во овој објект ќе ги развиваат погонските агрегати на иднината.

Новиот центар исто така ќе послужи како база за 43 платформи за тестирање на перформансите на најновите генерации на мотори.

Проектот за изградба е дел од инвестициите најавени во 2013-та година, во рамките на кои 230 милиони евра се наменети за новиот објект за развој и тестирање во „ITDC“ центарот, како и за тест-центарот Родгау-Дуденхофен. Најголемиот дел, 210 милиони евра ќе се вложат во Ризелхајм.

Комплексот се простира на површина од околу 13.000 квадратни метри, а ова е најголемата инвестиција во градот во кој се наоѓа седиштето на „Opel“ уште од отворањето на производните погони во 2002-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП