10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на странските инвестиции во Бугарија

Пад на странските инвестиции во Бугарија

bugarskag54gy6uy67

Директните странски инвестиции во Бугарија за првите пет месеци од оваа година, во однос на истиот период минатата година, се намалени за 33,8 проценти и изнесуваат 302,6 милиони евра, покажуваат податоците на Бугарската Народна Банка.

Во минатата година директните странски инвестиции за првите пет месеци изнесуваа 456,9 милиони евра. Според податоците на Банката, странските компании кои работат во Бугарија, реинвестирале 95,8 милиони евра од своите приходи, а во истиот период минатата година 59,4 милиони евра.

Директните странски инвестиции во Бугарија во мај изнесуваа околу 8,6 милиони евра, а во истиот месец минатата година 151,8 милиони евра. Бугарските компании во истиот период инвестирале во странство 70,6 милиони евра, додека за пет месеци минатата година инвестициите изнесувале 50,4 милиони евра.

Според податоците на Банката, бугарските емигранти кои живеат во странство во Бугарија испратиле 369,3 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП