28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Романија милијарда евра странски инвестиции во првите пет месеци

Во Романија милијарда евра странски инвестиции во првите пет месеци

romanija1

Директните странски инвестиции во Романија во првите пет месеци од оваа година изнесуваат повеќе од милијарда евра, што е за 13,9 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците на Народната банка на Романија.

Директните странски инвестиции во првите пет месеци изнесуваат 1,091 милијарди евра, се вели во соопштението.

Најмногу странски инвестиции во Романија се регистрирани во месец мај, вкупно 306 милиони евра.

Според податоците на банката, директните странски инвестиции во Романија во минатата година изнесуваа 2,71 милијарди евра.

Претходно е соопштено дека најголемите корпоративни предности за инвестирање во Романија се макроекономската стабилност и остварените реформи, големината на пазарот, квалификуваната работна сила, стратешката позиција, развојот на информациони технологии и земјоделството, како и единствената даночна стапка од 16 проценти.

Просечната плата изнесува околу 480 евра, а инженерите и вработените во банкарскиот сектор заработуваат од 900 до 1.200 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП