4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТворецот на Google Glass преминува во Amazon

Творецот на Google Glass преминува во Amazon

parvic

Поранешниот директор на лабораторијата „Google X“, која ги создаде „Google Glass“, го напушта овој технолошки гигант за да работи за „Amazon“.

Бабак Парвиц ја сподели оваа вест на својот „Google +“ профил во саботата, но не откри никакви детали.

Покрај тоа што го предводеше развојот на „Google Glass“, Парвиц играше и важна улога во создавањето на паметните контактни леќи на „Google“, способни да го мерат нивото на глукоза во крвта.

Парвиц го предводеше „Glass“ тимот, се додека Ајви Рос не ја превзема таа работа во мај. Засега не е познато која позиција Парвиц ќе ја има во „Amazon“, но е јасно дека неговото големо искуство во оптичката технологија може да му користи на „Amazon“ кој неодамно се концентрира на „3D“ технологијата.

Пример, „Fire Phone“ на оваа компанија доаѓа со опција за „динамички дисплеј“, поради тоа сликите на него изгледаат традиционално.

Исто така, смартфонот „Firefly“ има опција која овозможува да ги скенирате предметите во вистинска средина, а нив софтверот автоматски ги пронаоѓа на „Amazon“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП