10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Намалена прогнозата за раст во еврозоната

ММФ: Намалена прогнозата за раст во еврозоната

mmf

Меѓународниот монетарен фонд ја намали прогнозата за економскиот раст на еврозоната за 2014 година со објаснување дека закрепнувањето во тој блок сеуште е „недоволно силно“.

Во извештајот за еврозoната, ММФ наведува дека економскиот раст на членките на тој блок oваа година ќе достигне еден процент наместо претходно прогнозираните 1,1 проценти, додека прогнозата за 2015 година останува на 1,5 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

„Признаваме дека е забележано закрепнување, но уште многу повеќе треба да биде направено“, изјави заменик директорот на ММФ за Европа, Махмуд Прадан.

Од таа причина, овој меѓународен кредитор им порача на земјите да ги усвојат мерките за поттикнување на побарувачката, да ги зајакнат банките и да се изборат со невработеноста кај младите лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП